Вилјареал утре ќе се судри со Манчестер јунајтед во финалето на Лига Европа, нивното прво европско финале во 97-годишната историја на клубот, но „жолтата подморница“ не смее да се смета за аутсајдер, посебно бидејќи на клупата го имаат Унаи Емери, човекот кој веќе трипати го креваше трофејот од второто по ранг европско натпреварување.
Ова ќе биде невероајтно петто финале за Баскиецот во кариерата, откако освои три титули со Севилја и загуби еднаш со Арсенал. Доколку успее да го земе „скалпот“ на „ѓаволите“, тој ќе се израмни со легендарниот Џовани Трапатони со четири трофеи од Лига Европа.
„Горд сум што влеговме во финалето, што ја минавме таа бариера по сите загубени полуфиналиња. Сега, целта е да се крене трофејот, иако знаеме дека нема да биде лесно. Кога бев тренер на Валенсија бев на еден состанок на тренери во Нион кога зборував за важноста на Лига Европа. Алекс Фергусон ме праша: ‘Па сигурно, сакаш да ја освоиш ЛШ’. Одговорив дека секако дека сакам, но дека Лига Европа е место каде што многу клубови и фудбалери бараат признание. А, сега, Јунајтед повеќе години играат и сонуваат за Лига Европа“, вели Емери.