Вињалес најбрз на тренинзите во Арагон, Бањаја возеше 351,8 км/ч

Вињалес најбрз на тренинзите во Арагон, Бањаја возеше 351,8 км/ч

пред 4 години

Маверик Вињалес од Јамаха беше најбрз на првите два тренинзи во пресрет на трката за Големата награда на Арагон. Второто и третото место на вториот тренинг им припадна на возачите на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро и Франко Морбидели.

Маверик Вињалес на денешните тренинзи беше единствен кој забележа време под 1:48.000 минути. На вториот тренинг возачот на Јамаха забележа резултат 1:47.711 минути.

Тренингот го обележа и возачот на Прамак Дукати Пеко Бањаја кој со својот мотоцикл оствари брзина од 351,8 километри на час. Ова е најголемата брзина забележана на патеката во Арагон.

Кога станува збор за излетувањата, незгода, но без последици, имаше само Бред Биндер од КТМ.

Share
Scroll to Top