Владан Милојевиќ се врати во Црвена звезда

Владан Милојевиќ се врати во Црвена звезда

пред 5 месеци

Фудбалскиот клуб Црвена звезда има нов тренер. Во клубот, по четири години се врати Владан Милојевиќ. Тој дојде на местото на Барак Бахар, кој доби отказ во средата, веднаш по поразот од Партизан.

Пред точно четири години, Милојевиќ се прости од Црвена звезда, а сега се врати на клупата со задача да создаде подобра игра и резултати од неговиот претходник Барак Бахар.

Звезда го претстави како „Супермен“, договорот е потпишан на две ипол години.

Милојевиќ во остигна големи успеси во периодот од 2017 до 2019 година. Во тој период освои три титули и еден Куп на Србија. Исто така по една деценија чекање го врати тимот на европските натпреварувања. Прво во Лига Европа, а потоа и во Лигата на шампионите.
Во неговиот мандат Црвена звезда забележа една од најголемите победи во клупската историја, кога во Белград го победи Ливерпул, тим кој подоцна ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top