Владата ќе ја откаже ГН на Португалија

Владата ќе ја откаже ГН на Португалија

пред 4 години

Владата на Португалија размислува да ја откаже трката во Мото ГП шампионатот, поради влошувањето на епидемиолошката ситуација во земјата. Минатата недела во Португалија се одржа трка во првенството на Формула 1, по трката 14 членови на тимовите биле позитивни на Ковид-19.

Бидејќи бројот на заболени во Португалија расте, надлежните државни органи сериозно размислуваат да го откажат Мото ГП викендот.

Според медиумите во оваа земја неизвесно е одржувањето на сите јавни настани.

Големата награда на Португалија е последна во календарот на Мото ГП, таа е закажана за 22.ноември.

Share
Scroll to Top