Влаховиќ добива тројно повисока плата за да остане во Фиренца

Влаховиќ добива тројно повисока плата за да остане во Фиренца

пред 4 години

Напаѓачот на калчолигашот Фиорентина, српскиот голгетер Душан Влаховиќ го сврте вниманието на себе по натпреварите кои сезонава ги игра. За неговите услуги се заинтересирани Милан и Рома.

Шпицот на „виолетовите“ сезонава постигна 15 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања, а подели и две асистенции. Поголемиот дел од погодоците ги постигна од декември наваму, кога почна да добива поголема минутажа.

Иако 21-годишниот фудбалер има договор со Фиорентина до 2023 година, претседателот на клубот од Фиренца, Роко Комисо има намера да му даде трипати повисока плата за да го задржи на „Артемио Франки“, но сака и да го ревидира договорот.

Актуелната плата на Србинот сега зема 400.000 евра (со бонуси) месечно, што во финансиска смисла големите клубови лесно би го поднеле.

Заинтересираност за Влаховиќ покажа и Борусија Дортмунд, пред се ако Халанд си оди од „жолто-црните“ ова лето.

Проценките се дека Влаховиќ во моментов на фудбалскиот пазар вреди околу 40 милиони евра.

Share
Scroll to Top