Возачите на Хас дисквалификувани од квалификациите во Монако

Возачите на Хас дисквалификувани од квалификациите во Монако

пред 4 месеци

Возачите на Хас, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг се дисквалификувани од квалификациите за Големата награда на Монте Карло.

По квалификациите, кои возачите на Хас ги завршија на 12-то и 15-то место, судиите утврдија дека има разни неправилности во болидите на американскиот тим кога е ДРС системот во прашање.

Тоа значи дека утре овие двајца возачи ќе тргнат од боксот. Големата награда на Монте Карло е закажана за недела во 15 часот.

Пол-позицијата ја освои возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Share
Scroll to Top