Волтерс се врати во Црвена звезда

Волтерс се врати во Црвена звезда

пред 3 години

Американецот Нејт Волтерс по четири години се врати во Црвена звезда. Волтерс во Белград пристигна од Уникс Казањ. Тој е шестото засилување за регионалниот првак во пресрет на новата сезона.

Нејт Волтерс (30), кариерата ја започна на универзитетот Јужна Дакота. Во 2013 година е избран на драфтот како 38 пик од Вашингтон Визардс и веднаш проследен во Милвоки Бакс.

18 месеци бил играч на Милвоки, а потоа кариерата ја градел во Њу Орлеанс Пеликанс, Гранд Рапидс Драјв и Бешикташ. Во сезоната 2016/2017 играше за Црвена звезда, а потоа се врати во НБА. Краток период бил играч на Јута Џез.

Потоа се сели во Франција во Шалон, една сезона мина во Жалгирис, Макаби, а минатат беше играч на Уникс.

Пред Волтерс, во Црвена звезда пристигнаа Никола Ивановиќ, Лука Митровиќ, Никола Калиниќ, Ерон Вајт и Стефан Лазаревиќ.

Share
Scroll to Top