Волфсбург граби кон ЛШ, Дортмунд не се предава!

Волфсбург граби кон ЛШ, Дортмунд не се предава!

пред 4 години

Волфсбург го декласираше Штутгарт со 1:3 за да се доближи до остварување на сонот, пласман во Лигата на шампиони, за кој може да биде клучен следниот меч против Борусија Дортмунд, кои исто така остана во трка за топ 4 пласман во Бундеслигата со тешка 2:0 победа над Унион Берлин.

„Волците“ го решија победникот во Штутгарт во првото полувреме – Ксавиер Шлагер ги донесе во водство во 13. минута, а само две минути откако домаќините утнаа пенал, во 29. минута Вут Вегхорст зголеми на 0:2. Влегувањето во игра на македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов не го смени ритамот и во 63. минута Јаник Герхард зголеми на 0:3.

Во Дортмунд пак, Борусија се намачи со Унион Берлин. Ерлинг Халанд утна пенал во 27. минута, но Марко Ројс ја смести топката во мрежата, пред во 88. минута Гереиро да ги постави конечните 2:0.

Волфсбург, сега, на четири кола до крајот, се на третото место на табелата со 57 поени, Ајнтрахт се четврти со 56, додека Борусија се на петтото место со 52 поени. Веќе во сабота, Дортмунд гостува кај „волците“ во меч кој ќе биде одлучувачки за местата кои водат во ЛШ.

БУНДЕСЛИГА, 30.КОЛО

Борусија Дортмунд – Унион Берлин 2:0

Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 3:2

Штутгарт – Волфсбург 1:3

Вердер – Мајнц 0:1

Share
Scroll to Top