Во Ливерпул не знаат како се пишува презимето на нивниот голман

Во Ливерпул не знаат како се пишува презимето на нивниот голман

пред 3 години

Кевин Келер, 22-годишникот од Корк, одлично го менува Алисон Бекер на голот на Ливерпул.

Келер блескаше на натпреварот со Ајакс, во Лигата на шампионите, а одлично си ја заврши работата и синоќа против Вулверхемптон. Келер имаше две добри интервенции на почеткот на натпреварот, кога резултатот беше 0:0.

И покрај тоа што брани добро, во Ливерпул не знаат како точно се пишува неговото презиме. На дресот што го носеше против Вулверхемптон, на грбото му пишуваше „Kellher“, а неговото презиме правилно се пишува „Kelleher“.

Share
Scroll to Top