Врие во Аталанта – Иличиќ и Гомез контра тренерот Гасперини

Врие во Аталанта – Иличиќ и Гомез контра тренерот Гасперини

пред 3 години

Аталанта минатата сезона беше хит во Лигата на шампионите, дојдоа до четврт-финалето, каде минути ги делеаа од пласман во наредната фаза. Оваа сезона, резултатите на тимот се послаби, во споредба со минатат сезона. Иако избори пласман во осмина-финалето, Аталанта не игра добро во Серија А, тимот од Бергамо се наоѓа на деветтото место на табелата.

Аталанта, вчера, го доби клучниот меч во Лигата на шампионите против Ајакс (1:0), а по победата медиумите објавија дека ситуацијата во соблекувалната е далеку од идеална.

Наводно, капитенот Алехандро Папу Гомез и Јосип Иличиќ го кренале гласот против тренерот Џанпјеро Гасприни.

Страстите зовреле, на полувремето и по завршувањето на натпреварот од 5.коло, во ЛШ против Митјиланд. Аталанта не успеа да го победи данскиот тим, натпреварот заврши 1:1.

На полувремето, тренерот, при резултат 0:1, го извадил од игра Гомез, а на негово место го ставил Иличиќ. Гомез бурно реагирал, медиумите тврдат дека Иличиќ спречил физичка пресметка помеѓу капитенот и тренерот. Исто така Словенецот го поддржал соиграчот Гомез, поради што по завршувањето на натпреварот Гасперини му ја поднел својата оставка на претседателот Лука Перкаси. Првиот човек на Аталанта ја одбил оставката.

„Тоа е дел од секојдневниот живот, се случуваат расправии“, рекол Перкаси за „Скај Спорт Италија“.

„Гомез и Гасперини ќе останат. Го даваме максимумот, единствено мерило за вредностите е теренот. Оваа година проживеавме неверојатни моменти“, дополнил првиот човек на Аталанта.

Од друга страна новинарот на Еуроспорт, Сиавуш Фалахи, тврди дека Гасперини веќе го пречкртал Иличиќ, а наскоро тоа ќе го направел и со Гомез.

Капитенот Гомез има големо влијание и кредибилитет и само поради тоа синоќа играл против Ајакс.

Share
Scroll to Top