Вулфс спасија реми – Тотенхем четири меча без победа!

Вулфс спасија реми – Тотенхем четири меча без победа!

пред 3 години

Тотенхем ја продолжи лошата низа на резултати во Премиер лигата, одигрувајќи 1:1 реми на гостувањето кај Вулверхемптон, нивни четврти меч без победа.

Гостите стигнаа до супер-брзо водство, уште во првата минута преку Танги Ндомбеле, и потоа не ги искористија шансите во првото полувреме, пред Мароканецот Роман Сас да спаси поен за „волците“ во 86. минута од мечот.

Со ремито, Тотенхем се искачува на петтото место на табелата со 26 поени, сега шест зад Ливерпул, додека Вулверхемптон се 11. со 21 поен. Тотенхем пред Нова Година играат со Фулам, додека Вулверхемптон гостуваат на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top