Габриел Паулиста во Атлетико Мадрид

Габриел Паулиста во Атлетико Мадрид

пред 8 месеци

Бразилецот Габриел Паулиста, во неделата играше против Атлетико, а два дена подоцна го облече дресот на „јорганџиите“.

Атлетико ја победи Валенсија со 2:0, а Габриел во второто полувреме го заврши натпреварот поради полесна повреда.

Габриел Паулиста е искусен стопер, има богато искуство, бидејќи пред Валенсија играше за Арсенал и Виљареал, а во Европа дојде од бразилска Виторија.

Бразилецот доаѓа на местото на Чаглар Сојунџу, кој се пресели на позајмица во Фенербахче, откако не успеа да се снајде во системот на Диего Симеоне по доаѓањето од Лестер.

Атлетико на заем го донесе Бразилецот. Нема информации дали ќе може да го откупи од Валенсија по завршувањето на сезоната.

Габриел Паулиста е второто засилување на Атлетико оваа зима, по доаѓањето на младиот играч за врска Артур Вермерен од Антверпен.

Share
Scroll to Top