Габриел Хајнце стана тренер на Атланта јунајтед

Габриел Хајнце стана тренер на Атланта јунајтед

пред 3 години

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед  и Реал Мадрид, Аргентинецот Габриел Хајнце е именуван за нов тренер на американскиот МЛС тим, Атланта јунајтед, продолжувајќи да ја гради репутацијата на еден од најдобрите млади тренери во Јужна Америка.

42-годишниот Хајнце пристигнува во Џорџија по две и пол сезони на чело на аргентинскиот клуб, Велес Сарсфилд. По фудбалската кариера во која играше за Јунајтед, Реал и ПСЖ, Хајнце се пензионираше во 2014 и веднаш почна со тренерската кариера. Тој кратко беше тренер на Годој Круз, па потоа успеа Аргентинос јуниорс да ги внесе во аргентинската прва лига, пред да стане тренер на Велез Сарсфилд.

Атланта го отпуштија Френк де Бур во јули по една и пол сезона, и преоден тренер беше Стивен Глас. Сонародникот на Хајнце, Херардо „Тата“ Мартино ја освои титулата од МЛС купот со Атланта во 2018 пред да стане мексикански селектор.

„Верувам дека имам фудбалска филозофија која се поклопува со визијата на клубот, а условите за работа се од светска класа. Едвај чекам да почнеме со работа за 2021“, вели Хајнце.

Share
Scroll to Top