Гасли нема да се врати во Ред Бул

Гасли нема да се врати во Ред Бул

пред 3 години

Пјер Гасли и покрај одличните резултати што ги постигнува сезонава нема да се врати во Ред Бул. Шефот на Ред Бул, Хелмут Марко, потврдил дека Гасли и наредната сезона ќе вози за Алфа Таури.

Гасли, оваа сезона освоил бодови на осум од 12 трки, а сето тоа го зачини со победата на трката за Големата награда на Италија. Во вкупниот пласман тој има освоено 63 поени, само еден помалку од Александер Албон, кој во текот на минатата сезона дојде во Ред Бул на местото на Гасли.

„Нашата одлука е позната, Гасли и наредната сезона ќе возе за Алфа Таури. Името на неговиот тимски колега ќе го објавиме најдоцна до трката за Големата награда на Бахреин“, рекол Марко.

Тој дополнил дека тимот целосно го поддржува Албон, иако тој има 98 поени помалку од тимскиот колега Макс Ферстапен.

„Му недостига константноста. Некогаш е блиску до Макс, а некогаш разликата во квалитетот е премногу голема. За нас е важно тој да напредува. Тој е наш возач и нема да носиме избрзани одлуки“, завршил првиот човек на Ред Бул.

Share
Scroll to Top