Гвардиола: Ако не веруваат во пресврт, нека останат дома

Гвардиола: Ако не веруваат во пресврт, нека останат дома

пред 2 часа

Фудбалерите на Манчестер Сити се соочуваат со исклучително тешка задача. Тие мора да надоместат огромна негатива од три гола против Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се игра утре од 21 часот на „Етихад“ стадионот во Манчестер.

Во првиот натпревар, Реал убедливо победи со 3:0, а сите три гола за шпанскиот тим ги постигна Федерико Валверде.

Екипата на Пеп Гвардиола ќе треба да одигра речиси совршен натпревар на „Етихад“ во вторник ако сака да се пласира во четвртфиналето.

Шпанскиот стратег пред натпреварот ги изненади и им испрати директна порака на своите фудбалери.

„Моите играчи се добро платени професионалци. Ако не веруваат во пресврт, тоа е нивен проблем“, започна Гвардиола, додавајќи: „Ако мислат дека не можеме да постигнеме добар резултат во Лигата на шампионите, тогаш треба да останат дома! Мора да се обидеме, што имаме да изгубиме?“

Гвардиола го откажа денешниот тренинг пред натпреарот, им порачал на фудбалерите да уживаат со своите семејства.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top