Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, бил импресиониран од Џуд Белингам, 17-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд. Сити, синоќа, славеа во Дртмунд со 2:1, единствениот гол за германскиот тим го постигна тинејџерот од Англија.
Гвардиола, по мечот, бил воодушевен од Белинган.
„Не ми се верува. Можеби лаже за возраста. Премногу е добар за еден 17-годишник“, рекол Гвардиола.
Минатото лето, Борусија на Бирмингем им платија 25 милиони евра за Белингем. Тој сакал да игра за Борусија, поради што ги одбил финансиски подобрите понуди на Баерн и Манчестер јунајтед.
Сезонава настапил на 39 натпревари, постигнал три гола и забележал четири асистенции.
Неверојатно е што Бирмингем го повлекоа број 22 во чест на Белингем. Тој е најмладиот дебитант во историјата на клубот (16 години 38 дена) и најмладиот стрелец во клупската историја (16 години и 63 дена).