Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека неговиот тим утре го очекува тежок меч во Париз, против ПСЖ, но смета дека неговите фудбалери треба да уживаат.
„Знаеме дека ќе ни биде тешко на двата натпревари. Тие ќе имаат шанси. Сите знаат каков квалитет има ПСЖ, но ова е полуфинале во ЛШ, што друго да очекувате. Мораме да уживаме во притисокот и во ситуацијата во која сме“ рече Гвардиола на прес-конференцијата.
„Граѓаните“ од 21 часот утре гостуваат кај „Светците“, а Шпанецот го откри планот за контролата на мечот.
„Сакаме да ја имаме топката во нозете, ако биде така, ќе имаме стабилност“ вели тој.
Според неговите зборови, Сити е благодарен што има можност да игра полуфинале во ЛШ.
„За многумина ова ќе е првпат да играат во оваа фаза од натпреварувањето. Поради тоа мора да сме дополнително фокусирани, сите се подготвени и среќни. Благорадни сме на оваа можност. За некои клубови е нормално, но за нас е реткост. Ние не сме елита во ова натпреварување, но сакаме тоа да станеме. За Манчестер Сити Премиерлигата е поважно натпреварување, но Лигата на шампиони е послатка“ вели Гвардиола.