Фудбалската федерација на Гвинеја побара од Африканската фудбалска федерација (КАФ) да го преиспита исходот од Африканскиот куп на нации во 1976 година, наведувајќи инцидент во кој Мароко го напушти теренот.
Барањето на Гвинеја доаѓа откако КАФ му ја одзеде титулата на Сенегал, освоена пред два месецо во рабат, откако нивниот тим го напушти теренот за време на финалето против Мароко.
КАФ му ја одзеде титулата на Сенегал 58 дена по завршувањето на финалниот натпревар и го прогласи домаќинот Мароко за шампион.
Одлуката да му се додели победа на Мароко од 3-0 откако сенегалскиот тим го напушти теренот ја поттикна Гвинеја да побара истите дисциплински стандарди да се применат и на натпреварот одигран пред 50 години.
Гвинеската федерација се жали на решавачкиот натпревар против Мароко во 1976 година, кој се одигра во последната групна фаза од турнирот. Пред натпреварот, на Мароко му беше потребен нерешен резултат за да ја освои титулата, додека на Гвинеја и беше потребна победа за да ја обезбеди титулата.
Гвинеја поведе во 33-та минута со голот на Шериф Сулејман. Потоа, мароканските играчи накратко го напуштија теренот во знак на протест против одлуката на судијата, но набрзо се вратија и натпреварот продолжи.
Ахмед Макрух израмни во 86-та минута за конечни 1-1, со штое Мароко заврши на врвот во групата со пет бода и ја освои титулата, додека Гвинеја заврши на второто место.
Гвинеја сега тврди дека инцидентот треба да се преиспита според принципите применети во одлуката од 2026 година.






