Луис Суарез: Би сакал Меси да дојде во Атлетико

Луис Суарез: Би сакал Меси да дојде во Атлетико

пред 4 години

Луис Суарез, во преодниот рок, од Барселона во Атлетико Мадрид. Уругваецот одлично се вклопи во играта на „јорганџиите“, има постигнато четири гола, на осум натпревари во сите натпреварувања.

„Не требеше многу убедување за да дојдам во Атлетико. Видов дека клубот и Диего Симеоне сакаат да играм на „Метрополитано“, не размисливав долго. Атлетико е неверојатен клуб, на секој чекор се чувствува колку навивачите се поврзани со клубот, иако ги нема на трибините. Одлично ме пречекаа. Можам да кажам дека до смрт ќе го бранам дресот на Атлетико, исто како што тоа го правев во сите клубови во кои играв претходно“, рекол Суарез во интервју за „АС“.

Атлетико вечерва ќе го пречека Кадиз во Ла Лига, а по репрезентативната пауза на „Ванда Метрополитано“ доаѓа Барселона.

„Нема да славам доколку постигнам гол против Барса. Премногу го почитувам клубот, таму и понатаму имам многу пријатели. Но, тоа нема да ме спречи да гинам на теренот за Атлетико“, рекол Суарез, кој за две недели ќе игра против големиот пријател Лионел Меси.

„Редовно се слушаме, разговараме за општи теми, за животот што го живееме во овие чудни времиња. На психолошки план си помагаме еден на друг, многу разговараме“.

Неговиот пријател, Лионел Меси, од почетокот на сезоната не игра на нивото на кое беше во изминатите сезони.

„Оставете го на мира. Има 33 години и сигурно е дека знае што прави. Јас и понатаму гледам дека е гладен за победа, како шти тоа беше минатата или пред минатата сезона. Можеби оваа сезона не може да погоди, но се гледа дека не се откажува“, рекол напаѓачот на Атлетико и дополнил.

„Би сакал еден ден да дојде во Атлетико. Но ова е само моја желба, тој ќе реши што е најдобро за него. Доколку Атлетико му биде една од опциите, јас ќе бидам првиот што ќе му кажам се најдобро за овој клуб“.

Суарез е трет стрелец во историјата на Барселона, на „Ноу камп“, мина шест сезони, а минатото лето буквално беше избркан од клубот. Уругваецот не беше во добри односи со поранешниот претседател Џозеп Марија Бартомеу.

„Не би сакал да заборувам за него. Повеќе не ме интересира што се случува во Барселона. Сега мој клуб е Атлетико и само тоа е важно“, заклучил Уругваецот.

Share
Scroll to Top