Чоло за помала плата ќе го продолжи договорот со Атлетико

Чоло за помала плата ќе го продолжи договорот со Атлетико

пред 3 години

Челниците на Атлетико Мадрид ќе му понудат нов договор на тренерот Диего Чоло Симеоне. Медиумите од Мадрид пишуваат дека Атлетико, на тренерот, ќе му понудат договор до јуни 2024 година.

Истите извори шпекулираат дека Симеоне бил расположен да ја продолжи соработката и дека бил подготвен да работи за помала плата. Според актуелниот договор, кој му истекува во 2022 година Симеоне има бруто плата од 32 милиони евра.

Преговорите околу новиот договор на Симеоне со Атлетико, ги води неговата сестра Наталија.

Аргентинецот на клупата на Атлетико седна во декември 2011 година. Симеоне со „јорганџиите“ има титула во Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија, а два пати ги освоил Лига Европа и Суперкупот на УЕФА.

Во актуелната кампања, Атлетико се лидери во Ла Лига, со 41 бод, четири повеќе од Реал од кого имаат два натпревари помалку.

Share
Scroll to Top