Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

пред 5 часа

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната.

По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза на Мастерсот во Шангај, Германецот и математички му избега на Шпанецот.

Јаник Синер официјално е сè уште прв, но Италијанецот ќе губи поени до крајот на сезоната, бидејќи ја заврши поради повреда.

Саша Зверев за прв пат се проби во Топ 10 во 2017 година, додека во 2022 година стана втор играч во светот.

Тој е втор Германец, по Борис Бекер во 1991 година, кој ќе биде број 1, но е првиот Германец кој ја заврши годината како најдобар тенисер во светот.

Исто така, Саша е 30-тиот играч во историјата на чело на караванот на АТП, а тоа ќе стане официјално на 2 ноември.

Да ве потсетиме дека оваа сезона, Зверев ја искористи слабата форма на Новак Ѓоковиќ и повредите на Карлос Алкараз и Јаник Синер, и освои две Гренд слем титули, Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top