Германија и Англија ремизираа во Минхен, триумф за „аѕурите“

Германија и Англија ремизираа во Минхен, триумф за „аѕурите“

пред 2 години

Европските „тешкаши“ Германија и Англија одиграа 1:1 на „Алијанц арена“ во Минхен во второто коло од Лигата на нации. Гордиот Албион избегна пораз во завршницата од мечот откако Хари Кејн погоди од пенал во 88.минута од дуелот. Претходно, Германија стигна до предност со голот на Јонас Хофман во 50.минута.

Италија успеа да ја совлада Унгарија со 2:1. Николо Барела и Лоренцо Пелегрини донесоа предност од два гола за „аѕурите“ на полувремето, а Унгарија во вториот дел намали со автоголот на Џанлука Мансини во 61.минута.

Во Лигата Ц, Турција беше убедлива на гости против Литванија и славеше со 0:6.

Share
Scroll to Top