Германците го молат Левандовски да не го урива рекордот на Герд Милер

Германците го молат Левандовски да не го урива рекордот на Герд Милер

пред 3 години

Роберт Левандовски, во саботата, го постигна 40. гол во Бундес лигата со што израмни рекордот на Герд Милер поставен пред 49 години. Полјакот, викендов, ќе има можност да го урне овој рекорд. Баерн ќе игра против Аугсбург.

Сепка, јавноста во Германија и некои легенди на Баерн го молат Левандовски да не го урива рекордот.

„Се укажува на тоа дека Левандовски ќе го урне рекордот, но што ќе се случи ако доброволно се откаже? Тоа е незамисливо, зарем не? Кога само би можел овој рекорд да му биде оставен на Герд Милер. Зошто? Бидејќи тој е Герд Милер. Бидејќи Баерн немаше да биде клуб каков што е денес доколку не беше Милер. Тоа би бил најубавиот начин да му се одаде почит на Милер“, пишува колумнистот на „Шпигл“, Петер Ахренс.

„Од почит кон Герд Милер, Левандовски не би требало да постигне гол против Аугсбург“, рекол поранешниот играч на баерн, Дитмар Хаман.

Јасно е дека Полјакот нема да ги исполни желбите на јавноста. Тој кажал дека сака да го постигне и 41.гол оваа сеозна.

Share
Scroll to Top