Идриса Гана Геј не сака ги да носи боите на виножитото. Поради тоа тој го пропуштил натпреварот со Монпелје. Изминатиот викенд, сите клубови во Лига 1 на своите дресови ги имаа боите на виножитото, во знак на поддршка на ЛГБТ популацијата.
на дресовите што ги носеа сите клубови во Франција за време на викендот, заклучија медиумите во оваа европска земја.
Според „Лекип“, сенегалскиот репрезентативец пристигнал со тимот на Пари Сен Жермен во Монпелје, но не излегол на теренот.
„Го оставив надвор од тимот од приватни причини. Не станува збор за никаква повреда“, изјави Маурисио Покетино, тренерот на ПСЖ.
Од 2019 година, на Меѓународниот ден на хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, сите тимови носат дресови во боја на виножито како поддршка на таа популација. Интересно е тоа што Геј и минатата година отсуствуваше од тимот кога се обележуваше овој ден.
Геј ги отфрли овие шпекулации и истакна дека неговото отсуство нема никаква врска со недавањето поддршка на ЛГБТ популацијата.
? Reports in France claim that Idrissa Gueye missed the PSG game because he refused to wear the rainbow flag on his kit, the symbol of the LGBTQ+ community. pic.twitter.com/qe1KYwylwt
— SPORTbible (@sportbible) May 16, 2022