Голманите го избраа Џиџи Буфон како најголемиот на сите времиња

Голманите го избраа Џиџи Буфон како најголемиот на сите времиња

пред 3 години

Џанлуиџи Буфон е изгласан како најголемиот голман на сите времиња според жирито на неговите ривали, вклучувајќи голмани како Мануел Ноер, Жулио Цезар и Петер Шмајхел.

Во анкетата на „Ла газета дело спорт“ учествуваа 18 голмани од 18 земји и гласаа за најдобриот голман на сите времиња. Со седум гласа Буфон го освои првото место, пред Лав Јашин со пет гласа и Дино Ѕоф со два гласа. По еден глас добија Гордон Бенкс, Икер Касилјас, Сеп Маер, Ладислао Мазуркиевич, Рожерио Сени, Клаудио Тафарел и Шмајхел постариот.

„Џиџи е неверојатен и секогаш бил пример за мене, не само на теренот со своите феноменални рефлекси, туку и со однесувањето надвор од фудбалскиот терен“, изјави Ноер, кој ги постави Буфон и Јашин како „еднакви“.

Рускиот голман Вјачеслав Малафеев, пак, изненадувачки го избра Буфон пред својот сонародник Јашин.

„Џиџи е супериорен на 42 години и не застанува. Тој е безвременска икона на фудбалот, каква што претходно се наоѓаше само во светот на филмовите или музиката“, вели Малафеев.

Share
Scroll to Top