Голот на Барди дојде предоцна – Леванте успеа да загуби по 2:0 водство во дербито на Валенсија

Голот на Барди дојде предоцна – Леванте успеа да загуби по 2:0 водство во дербито на Валенсија

пред 3 години

Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди останува „закован“ на дното на шпанската Ла лига со огромни шанси следната сезона да се пресели во втора лига, откако во дербито на градот Валенсија имаа 2:0 водство против Валенсија, за на крајот да загубат со 3:4.

Со Барди на клупата, тие имаа фантастичен старт на мечот, Хозе Кампана ги донесе во водство во 21. минута откако ја закачи одбиената топка по промашениот пенал, за Рожер Марти да зголеми на 2:0 по само две минути.

Гонсалво Гуедеш во 43. минута намали на 1:2, пред „колапсот“ на Леванте во второто полувреме – Карлес Солер во 50. минута од пенал да израмни, а во 72. минута да ги донесе Валенсија во водство. Гуедеш уште еднаш стрелаше во 89. минута, пред Барди во 91. минута да ги постави конечните 3:4.

Леванте останува на последното место на табелата во Ла лига со 8 поени, и се единствен клуб без победа со 7 поени од безбедната зона. „Лилјаците“ пак ги прескокнаа Барселона на 7. место на табелата.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top