Германскиот репрезентативец Робин Госенс, во подкастот за Кикер, проговорил за одлуката на 12 европски клубови да формираат своја лига, која го доби името Суперлига.
„Ова е голема катастрофа за фудбалот“, рекол Госенс. Според фудбалерот на Аталанта, најмногу штета од оваа одлука ќе му биде нанесена на фудбалот.
„Фактот дека секогаш постојат аутсајдери е темел на фудбалот. Ако сега постои Суперлига, во која засекогаш ќе играат Арсенал и Тотенхем, без да играат и квалификации, засекогаш ќе ја одземе поентата на играта. Сите мора да бидат свесни дека фудбалот повеќе никогаш нема да биде тоа што е денес“, рекол Госенс и дополнил.
„Луѓе секогаш умираат во целиот свет, нема доволно пари. Овие 12 клубови основаа сопствена лига, ќе добиваат стотици милиони евра. Тажно е што се се врти околу парите. Пари, пари и само пари“.