Гостински победи на Бразил и Аргентина

Гостински победи на Бразил и Аргентина

пред 3 години

Без изненадувања мина седмото коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Бразил ја забележа и седмата победа, Аргентина без проблеми ја победи Венецуела, Еквадор славеше над Парагвај, а без победник завршија дуелите Перу-Уругвај и Боливија-Колумбија.

Бразил со голот на Евертон Рибеиро победи во Чиле. Бразилците, беа ослабени, играа без играчите кои настапуваат во Премиер лигата, но го добија мечот кој беше преполн со тензии на теренот.

Аргентина славеше вп Каракас против Венецуела со 3:1. Головите за „гаучосите“ ги постигнаа Лаутаро Мартинез, Хоакин Кореа и Анхел Кореа.

Резултати:

Еквадор-Парагвај 2:0
Чиле-Бразил 0:1
Венецуела-Аргентина 1:3
Перу-Уругвај 1:1
Боливија-Колумбија 1:1

Табела: Бразил 21, Аргентина 15, Еквадор 12, Уругваи и Колумбија по 9, Парагвај 7, Чиле и Боливија по 6, Перу 5, Венецуела 4 бода.



Share
Scroll to Top