Гоџа победи на спустот во Вал Дизер

Гоџа победи на спустот во Вал Дизер

пред 3 години

Софија Гоџа победи на трката во супст, која во рамките на Светскиот куп, се возеше во Вал Дизер. Италијанката, во целта влезе со време 1:44.70 минути. За Гоџа, ова е прва победа сезонава во Светскиот куп.

Второто место го освои Карин Зутер, која победи на вчерашната трка во спуст, која исто така се одржа во Вал Дизер. Голем успех со освојувањето на третото место постигна Брези Џонс.

Гоџа и Зутер водат во вкупниот поредок во спуст со по 180 поени. Во трката за Големиот Кристален глобус води Петра Влхова со 425 поени, втора е Мишел Гизин (298), а трета Микаела Шифрин (275).

Во недела, во Вал Дизер, дамите ќе се натпреваруваат во супер-џи.

Share
Scroll to Top