„Го играм најдобриот тенис во кариерата“

„Го играм најдобриот тенис во кариерата“

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, попладнево пред Тенискиот центар „Новак“ во Белград, одржал прес-конференција. Ѓоковиќ неодамна беше поразен од Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос, додека на Ју-Ес опен беше дисквалификуван во осмина-финалето.

„Жал ми е што не го освоиј Ју-Ес опен или Ролан Гарос. Мислам дека на двата турнири бев во одлична форма. На Ролан Гарос, во финалето, не бев на своето ниво, противникот беше подобар, а и јас не играв добро. На Ју-Ес опен се случи таа несреќна ситуација. Доколку не го сметаме Ју-Ес опен сезонава имам само еден пораз. Го играм најдобриот тенис во мојот живот. Оваа сезона може да се спореди со сезоната 2011 или сезоната 2015“, рекол Ѓоковиќ.

До крајот на сезоната светскиот број 1 ќе учествува на турнирот во Виена и на завршниот Мастерс во Лондон.

Share
Scroll to Top