НБА му изрече парична казна на Дурент

НБА му изрече парична казна на Дурент

пред 3 години

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, доби парична казна од НБА лигата, поради навредите кои му ги упатил на актерот Мајкл Рапапорт.

Во официјалното соопштение на НБА се наведува дека Дурент е казнет „поради користење на навредливи и хомофобични коментари на социјалните мрежи“. Рапапорт, познат како голем навивач на Њујорк Никс, во јавноста ги објавил коментарите на Дурент.

Тренерот на Бруклин Нетс, Стив Неш, рекол дека разговарал со Дурент во врска со овој инцидент и дека кошаркарот се извинил.

Кевин Дурент, поради повреда ги пропушти последните 20 натревари за Бруклин. До повредата во просек по натпревар бележел по 29 поени, 7,3 скока и 5,3 асистенции.

Share
Scroll to Top