Го нападнале со мачети и му го украле велосипедот од 12.000 евра

Го нападнале со мачети и му го украле велосипедот од 12.000 евра

пред 3 години

Британскиот велосипедист Александер Ричардсон имал лошо искуство во Лондон по завршетокот на еден тренинг. Го нападнале четворица разбојници и му го украле велосипедот вреден околу 12.000 евра.

Ричардсон на Инстаграм ја опиша случката:

„Шокантно искуство во Ричмонд парк. Завршував со тренингот кога ме дочекаа четворица маскирани разбојници на два мотоцикли. Точно знаев дека сакаат да ми го украдат велосипедот и почнав да размислувам што можам да направам. Возев најбрзо што можев до кафе бар кој е одалечен 500 метри, но едниот од нив се заби во мене со брзина од 60 километри на час. Паднав и возачот на првиот мотоцикл изгуби контрола. Продолжив да се држам за велосипедот, а вториот мотоцикл ме влечеше и мене и велосипедот уште 100 метри. Потоа извлекоа мачети и тогаш ми стана јасно дека е најдобро да го пуштам велосипедот. Имам посекотини и оток на колкот, но утре е нов ден“ напиша тој.

Share
Scroll to Top