Италијанските медиуми денеска соопштуваат дека домот на тренерот на Евертон, Италијанецот Карло Анчелоти во Мерсисајд синоќа бил мета на крадци.
Информациите се дека инцидентот се случил синоќа околу 18.30 часот.
„Пријавено е дека двајца мажи влегле на имотот на улица Хол Роуд Ист околу 18.30 часот. Престапниците носеле црни маскирни одела, а станарите не се повредени“ се вели во соопштението на полицијата. Оттаму соопштуваат и дека исчезнал сефот од куќата.
Медиумите пренесуваат дека Анчелоти не бил дома кога се случил грабежот, но неговата ќерка била во домот, па нејзиното присуство најверојатно ги исплашило крадците, кои веднаш побегнале. Успеале само сефот да го земат, иако намерата им била да ја пребараат целата куќа.
Ќе се анализираат и снимките од камерите во куќата.