„Гранде“ Италија со две голчишта до 2:1 против Белгија по првите 45 минути

„Гранде“ Италија со две голчишта до 2:1 против Белгија по првите 45 минути

пред 3 години

Италија е поблиску до полуфинална пресметка со Шпанија на ЕУРО 2020, откако успеа да дојде до 2:1 предност по првото полувреме од четврт-финалето против Белгија на „Алијанц арената“ во Минхен.

Италијанците прво сметаа дека имаат водство уште во 13. минута, кога по едно нафрлање, Леонардо Бонучи го совлада Тибо Куртоа, но по прегледувањето на ВАР-снимките беше утврдено дека е офсајд. Израмнетиот меч се „отвори“ во 31. минута, кога Николо Барела доби одлична топка во шестнаесетникот од Марко Верати, за убаво да ја помине белгиската одбрана и да постигне прекрасен гол за водство.

Во 44. минута, сол на белгиската рана, постави и Лоренцо Инсиње со неверојатен втор гол од далечина. Сепак, надеж за Белгијците да направат камбек во второто полувреме донесе Ромелу Лукаку, кој во 47. минута од полувремето беше прецизен од белата точка за 2:1.

Share
Scroll to Top