Челси и во новата година продолжи во декемвриски ритам, слабо, неубедливо, инфериорно.
Сред Лондон „сините“ на Френк Лампард беа поразени со 3-1 и тоа за само 16 минути, со три гола од 18 до 34 минута од првото полувреме.
Фуријата наречена Гундоган – Фоден – Де Брујне во 18, 21 и во 34 минута му нанесе три удари на Челси, а голманот Менди притоа беше немоќен да направи нешто повеќе. Фоден и Де Брујне се најдоа и во улога на асистенти на овој меч.
Од друга страна, во екипата од „Стемфорд Бриџ“ иако во стартниот состав се најдоа и Тимо Вернер и опоравениот Хаким Зијеш, во 77 минута влезе во игра и Хаверц, немаше кој да ја загрози мрежата на резервниот голман на Гвардиола – Стефен. Сепак, тоа му успеа на Хадсон Одои, но предоцна, во 92 минута за конечни 1-3.
Продолжува слободниот пад на табелата на Челси, сега се на осмата позиција.
Од друга страна, Сити со денешните три бода се искачија на петтата позиција со 29 бода и се на -4 од лидерот Ливерпул, но „граѓаните“ имаат и меч помалку од „црвените“.