„Граѓаните“ се мајстори за Лига купот – петто финале во последните шест години

„Граѓаните“ се мајстори за Лига купот – петто финале во последните шест години

пред 3 години

Манчестер сити ќе му се спротивстави на Тотенхем во финалето на Лига купот. „Граѓаните“, вечерва како гости, го добија дуелот со градскиот ривал Манчестер јунајтед со 2:0. Сити петти пат во последните шест години ќе се борат за трофејот во Лига купот.

Сити беа подобриот тим на теренот, особено во второто полувреме, кога и го решија прашањето на победникот.

Раритет е што во првиот дел ВАР, оправдано, поништи три гола, а Де Брујне во 12.минута ја погоди стативата.

Стоунс го постигна првиот гол, кога одлично реагираше по нафрлувањето од Де Брујне. Точка на натпреварот стави ветеранот Фернандињо во 83.минута, кога добро зафати една одбиена топка и од 18 метри ја смести зад грбот на Хендерсон.

Финалето во Лига купот ќе се одигра кон крајот на април, датумот дополнително ќе биде одреден.

Share
Scroll to Top