Гризман да се врати во форма или ќе лета од репрезентацијата

Гризман да се врати во форма или ќе лета од репрезентацијата

пред 4 години

Дидие Дешам го предупредил Антоан Гризман дека добрите настапи во минатото не можат да му гарантираат место во француската репрезентација. Гризман не може да ја „најде“ својата форма од минатото лето кога се пресели во Барселона за сума од 127.000.000 евра.

Гризман беше најдобар играч на Европското првенство во 2016 и втор најдобар на Светското првенство во Русија две години подцна кога Франција ја освои титулата. Напаѓачот на Барселона во Русија беше најдобар стрелец на Франција.

Дешам верува дека Гризман може да се врати во препознатливата форма, но дека во овој момент не може да му гарантира дека ќе игра.

„Знам дека зборувате за последниот меч. Но погледнете ја целата статистика, одиграл 81 натпревар, постигнал 32 гола и забележал 21 асистенција. Ова доволно зборува за него. Како и многу други против Португалија можеше и мораше да одигра подобро. Против Португалија играше подобро во второто полувреме. Тој е напаѓач, но толку многу трча што некогаш делува дека е офанзивен играч од редот за врска“, рекол Дешам.

„Знам каде Антоан е најдобар и од која позиција има најголемо влијание во играта. Нема ритам, сите знаете зошто е тоа така. Потребно му е време“.

Франција вечерва во Лигата на нации ќе гостува во Хрватска.

Share
Scroll to Top