Гризман: Меси знае дека го почитувам и дека му се восхитувам

Гризман: Меси знае дека го почитувам и дека му се восхитувам

пред 3 години

Антоан Гризман пред 18 месеци направи трансфер во Барселона. Атлетико за него доби 126.000.000 евра, а Барса, според многумина лошо засилување. Гризман е третиот најскап фудбалер во историјата на клубот од „Ноу Камп“.

Од првиот ден е изложен на критики, до детал медиумите го анализираат неговиот однос со Лионел Меси, односот со тренерите, статистиката…

Францускиот репрезентативец ја „отвори душата“, во шоуто на Хорхе Валдано, ѕвездата на Реал и Аргентина од 80-те години на минатиот век.

Гризман, денес е главна тема во шпанските медиуми, кои вадат парчиња од интервјуто.

„Тешко и депресивно е тоа што секое утро гледам и читам лоши вести за себе и тимот. Зад нас е тешка година, но верувам дека имамем тим кој е способен да оствари големи резултати. Тоа мораме да го докажеме на теренот, како поединци и како тим. Сигурно дека фактот што играме на неколку дена низ Шпанија и Европа нема многу да ни помогне во тоа, поради тоа имаме многу повредени играчи“, рекол Гризман.

Проговорил и летниот преоден рок во 2018 година, кога реши да остане во Атлетико иако им ветил на челниците на Барселона дека ќе го напушти Мадрид. Трансферот го реализираше една година подоцна.

„Првиот ден кога дојдов во Барселона разговарав со Лео. Ми кажа дека сум го за…в бидејќи годината претходно одбив да се преселам во Барселона. Тој од челницте на клубот побарал да ме донесат на „Ноу Камп“. Исто така ми кажа дека е со мене и тоа го покажува секој ден. Лео знае дека јас многу го почитувам и дека му се восхитувам“.

Францускиот ас појаснил дека кога ја одбил Барселона во 2018 година имал проблеми со целото семејство, бидејќи сите сакале да игра за Барса. Една година подоцна, одлуката да замине ја донел кога од клубот заминале Лукас Ернандез (Баерн Минхен) и Диего Годин (Интер).

Неодамна неговиот поранешен менаџер Ерик Олтхас, за лошата форма на Гризман во Барселона, го обвинил Меси. Гризман му објаснил на Валдано кој е Олтхас.

„Со поранешниот менаџер Олтхас немам контакт откако се оженив. Го поканив на свадбата, тој не се појави и оттогаш немам никаков контакт со него. Новинарите секогаш го бараат за коментар бидејќи мојот татко и мојата сестра не сакаат да даваат изјави. Мојот вујко Емануел Лопез не знае како функционира фудбалот. Секој негов разговор со новинарите изгледа како тие да ги вадат речениците од него. Му кажав на Лео дека не разговарам со мојот вујко, дека немам ниту негов телефонски број“.

Напаѓачот на Барселона е свесен дека игра во лоша форма, смета дека за тоа е виновна смената на тренерите.

„За 18 месеци сменивме тројца тренери. Секој од нив имаше различна визија. Валверде ме ставаше на крило, таа позиција не е моја. Кај Сетиен еден меч играв, еден не. Мојот татко му се јави еднаш да го праша зошто така се однесува со мене. Јас не сакав да се мешам. Летово дојде Куман. Мислам дека е јасно дека немав време да им се прилагодам на сограчите. И капак е смената на претседателот, а сите кандидат за нов претседател расправаат на темата дали сум јас играч за Барселона или не. Мислам дека тоа не е нивна работа“, заклучил Гризман.

Share
Scroll to Top