Гризман сака да настапи на ОИ во Париз

Гризман сака да настапи на ОИ во Париз

пред 9 месеци

Францускиот фудбалер Антоан Гризман изјави дека ќе направи се за да учествува на Олимписките игри во Париз ова лето. Тој додаде дека за тоа ќе разговара со раководството на неговиот клуб Атлетико Мадрид.

Гризман (32) би можел да биде еден од тројцата играчи постари од 23 години во олимпискиот тим кој во Париз ќе го води тренерот Тиери Анри.

„Тоа е нешто извонредно, да се имаат игрите во Париз“, рече Гризман, кој на тој начин би можел да игра две натпреварувања ова лето, Европското првенство од 14 јуни до 14 јули во Германија и Олимписките игри од 26 јули до 11 август.

„Ќе разговарам со челниците во догледно време, да видам дали ќе ме пуштат. Го знам моето тело, имаме одлични физиотерапевти и нема никакви проблеми“, додаде Гризман во интервју за „Монд“.

Олимпискиот турнир не е во календарот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи во националниот тим.

Во францускиот тим би можел да биде и напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој изрази желба да учествува на Игрите.

Франција еднаш беше олимписки шампион, во 1984 година.

Share
Scroll to Top