Гринпис се извинија инцидентот во Минхен – УЕФА потегот го нарече непромислен и опасен

Гринпис се извинија инцидентот во Минхен – УЕФА потегот го нарече непромислен и опасен

пред 3 години

Меѓународната еколошка организација Гринпис, се извини за инцидентот што го предизвика нивниот активист, пред почетокот на натпреварот помеѓу Франција и Германија во Минхен.

Активистот на Гринпис со мал падобран и натпис „Kick out Oil“, се појави над тревникот на „Алијанц арена“. Портпаролот на Гринпис, Бенџамин Стефен, рекол дека тоа не била нивната намера.

„Целта беше тој да го прелета стадионот и да пушти топка на која беше напишана пораката“, рекол Стефен.

Тој дополнил, дека активистот имал проблем при летот, поради што морал да слета на стадионот. Активистот при падот удрил во кабелот на висечката камера. Неколку луѓе морале да побараат лекарска помош.

УЕФА оваа акција ја нарече „непромислена и опасна“, со надеж дека ќе бидат спроведени неопходните правни мерки.

Share
Scroll to Top