Даблин се потсмева со Рој Кин и со модата од 1993 година

Даблин се потсмева со Рој Кин и со модата од 1993 година

пред 3 години

Поранешниот соиграч на Рој Кин од Манчестер јунајтед, Дион Даблин реши да се потсмева со Ирецот, кој повторно станува популарен лик во Англија по коментаторските задачи за „Скај спорт“.

Даблин сподели фотографија од тимот на Јунајтед во 1993 година, кога „ѓаволите“ само што ја освоија првата титула од Премиер лигата и прва лигашка титула по пауза од 26 години. Во текот на летната прослава тие се фотографираа со тогашниот хит-бенд „Take That“ на „Олд Трафорд“ со трофејот. Кин само што пристигна во клубот од Нотингем форест, додека Даблин играше во сезоната 1992/93 и покрај тоа што имаше скршеница на ногата.

Бидејќи се работи за фотографија од пред речиси 30 години, сенсот за модните избори е „сомнителен“ и Даблин посебно го посочи Кин.

„Зошто носам маичка која е 4 броја поголема? Но, кој е облечен најлошо? Јас одам со Рој Кин или со Роби Вилијамс“, напиша Даблин.

Share
Scroll to Top