Давидович Фокина: Кој вели дека Новак е непобедлив?

Давидович Фокина: Кој вели дека Новак е непобедлив?

пред 3 години

Алехандро Давидович Фокина, следниот противник на Новак Ѓоковиќ на олимпискиот тениски турнир, смета дека светскиот рекет број 1 не е непобедлив во Токио, и покрај тоа што Србинот се наоѓа во победничка низа од 19 меча.

Ѓоковиќ се обидува да стане првиот машки тенисер кој остварил „златен слем“ – односно победил на сите четири гренд слем турнира и го освоил олимпиското злато (кое му недостасува во богатата колекција трофеи). Досега, тоа го оствари само незапирливата Штефи Граф во 1988 година.

„Јасно е дека оди на злато и на САД опен, и нема да биде лесно да се изддржи тој притисок. Ми се допаѓа многу Новак, се гледаме често на турнејата, а исто така трениравме заедно во куќата на неговиот брат во Марбелја. Сепак, мислам дека можам да го сопрам“, вели шпанскиот тенисер со руско потекло.

Двајцата тенисери досега се сретнале само еднаш на АТП турнејата, на Мастерсот во Рим оваа година, кога Ѓоковиќ победи со 6:2/6:1.

Share
Scroll to Top