Давид Бабунски има нов клуб

пред 3 години

Поранешниот македонски репрезентативец, Давид Бабунски, потпиша две и пол годишен договор со Виторул. Во овој клуб Бабунски доаѓа од Ботошани, каде го мина есенскиот дел од сезоната.

Бабунски е поранешен играч на Барселона Б, Црвена звезда, Јокохама и Омија во Јапонија. Минатата недела неговото име се поврзуваше со Шкендија, меѓутоа тој самиот ги демантираше тие шпекулации.

Новиот клуб на Бабунски, Виторул, првиот дел од сезоната во Романија, во конкуренција на 16 екипи, го заврши на шестото место на табелата со 20 бодови.

Share
Scroll to Top