Далиќ: Фрустрира кога играш против Франција, ти играш тие победуваат

Далиќ: Фрустрира кога играш против Франција, ти играш тие победуваат

пред 4 години

Хрватска утре во четвртото коло од А-групата во Лигата на нации ќе ја пречека Франција. Овие две репрезентации игра во финалето на последното Светско првенство, Франција во Москва славеше до 4:2.

„Некогаш се зборувапе дека секогаш победува германија, денес тоа важи за Франција. Фрустрира кога играш против нив, се обидуваш да направиш нешто, а тие ти даваат четири гола. Против нив не треба да се игра убаво, со додавања, против нив мораш да играш на резултат. Не е биден впечатокот, важен е резултатот“, рекол на прес-конференцијата пред натпреварот хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Пред три дена Хрватска ја победи Шведска со 2:1, 1 Франција и Португалија одиграа натпревар без голови.

„Навивав Франција да победи, да земее три поени ќе дојдеа опуштени. Најважно е да не ја губиме топката, а кога ќе ја изгубиме да направиме фаул, да стигнеме да се вратиме назад. Тие му го оставаат поседот на противникот, а потоа во транзиција брилијантно се отвораат. Мораме да внимаваме и на прекините. Не е важно дали игра Мбапе или Марсијал или некој трет. Тие имаат три тима, вредат повеќе од милијарда евра. Тие се најдобриот и најскапиот тим во светот“, заклучил Далиќ.

Share
Scroll to Top