Рој Кин, заедно со Џејми Карагер и Мика Ричардс, за телевизијата „Скај Спорт“, бил задолжен за стручен коментар на дербито помеѓу Манчестер сити и Ливерпул (1:1).
Кин со своите коментари ги освојува симпатиите на англиската јавност, а вчера еден негов коментар стана хит на социјалните мрежи.
Мика Ричардс го прашал поранешниот капитен на „Манчестер јунајтед, кој би сакал да му биде тренер Јирген Клоп или Пеп Гвардиола.
„Колку време имам да одговорам?“, парашал Кин, а потоа го „испукал“ одговорот.
„Не би играл за ниту еден, бидејќи тоа би значело дека би играл за Ливерпул или Манчестер сити. Повеќе би сакал да пукате во мене“.
Micah ? “Who would you rather play for Pep or Klopp?”
Roy ? “I wouldn’t want to play for any of them because then I’d have to play for Liverpool or City, shoot me”
Roy Keane will always be loyal to Manchester United ? ? pic.twitter.com/P1j0SwEC1M
— Football Daily (@footballdaily) November 8, 2020