Фантастичната форма на Вест хем и на Џеси Лингард продолжи и против Лестер, откако „чеканите“ стигнаа до 3:2 победа со која се вратија на четвртото место во Премиер лигата, место кое води во Лигата на шампионите.
Лингард во 29. минута постигна прекрасен гол, а во 44. минута ја искористи грешката на гостите за да зголеми на 2:0 со својот осми гол во само 10 меча за Вест хем од јануари, кога дојде од Манчестер јунајтед во обид да ја спаси кариерата. Џерод Боувен зголеми на 3:0 во 48. минута, пред Келечи Ихеаначо во 70. минута да намали на 3:1, и во 91. минута да ги направи последните минути интересно со втор гол.
Лестер остануваат на третото место на табелата со 56 поени, но сега зад нив се Вест хем со 55, а во трка за топ 4 пласман сигурно се и Челси (54), Ливерпул (52), Тотенхем (49), а можеби и Евертон (47).