Дел Пиеро: Однесувањето на Роналдо е недопустливо, па тој е икона на нацијата

Дел Пиеро: Однесувањето на Роналдо е недопустливо, па тој е икона на нацијата

пред 4 години

Последниве денови тема на разговор во фудбалскиот свет е контроверзната завршница на квалификациски натпревар меѓу Србија и Португалија во Белград (2-2) и непризнатиот гол на Кристијано Роналдо во последните мигови од мечот.

Голот е очигледен, но помошникот судија не му сигнализираше на главниот арбитар дека топката со целиот обем ја помина гол-аут линијата.

Роналдо полуде по непризнатиот погодок, а потоа ја фрли на земја капитенската лента и го напушти мечот пред време.

Ваквиот потег на Португалецот наиде на осуда од легедарниот италијански фудбалер, долгогодишен член на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро.

„Претера, не смееше така да се однесува, не смееше така да реагира. Во ред е да си лут кога си оштетен, во ред е и да се расправаш со судиите, но да ја фрлиш капитенската лента и онака да се однесуваш е недопустливо за некој кој ја претставува својата земја и кој е икона на целата нација“ рече Дел Пиеро.

Share
Scroll to Top