Дембеле за победа на Барса во 90-та минута, сега се на само поен од Атлетико!

Дембеле за победа на Барса во 90-та минута, сега се на само поен од Атлетико!

пред 3 години

Барселона со судна мака стигна до 1:0 победа над Реал Валјадолид (со играч помалку), за да се доближи на само еден поен од лидерот во Ла лига, Атлетико Мадрид, најавувајќи интересен крај на шампионатот.

Против тим кој имаше само една победа во последните 11 меча во шпанскиот шампионат, Барселона едноставно не успеа да најде начин да постигне гол. Во разочарувачкото прво полувреме, Валјадолид успеа да ја направи најдобрата шанса, кога Кодро со удар со глава ја погоди пречката, додека тимот на Роналд Куман не успеа да направи проблеми во нападот со Антоан Гризман и Усман Дембеле.

Во второт полувреме и покрај неколкуте шанси, повторно гостите беа поблиску до гол, посебно кога протестираа за пенал во 62. минута. Гостите остана со играч помалку во 80-тата минута по црвениот картон за Оскар Плано во 79. минута, за конечно, во 90-тата минута, Дембеле да го пронајде патот до голот.

Сега, Барселона има 65 поени, само еден помалку од Атлетико Мадрид по одиграни 29 кола, додека Реал Мадрид се трети со 63 поени. Валјадолид ги очекува борба за опстанок – сега се на 16. место со 27 поени, три над опасната зона.

Share
Scroll to Top