Дерби на Вејн Руни обезбедија опстанок, но можат да бидат исфрлени од лига!

Дерби на Вејн Руни обезбедија опстанок, но можат да бидат исфрлени од лига!

пред 3 години

Дерби каунти, англискиот второлигаш каде што менаџер е легендарниот Вејн Руни, минатата недела на драматичен начин обезбедија опстанок во англиската втора лига, Чемпионшип, по 3:3 ремито со Шефилд венсдеј, но може да бидат исфрлени во третата лига поради прекршувања на правилата за финансиски ферплеј.

3:3 ремито со Венсдеј, значеше дека ривалите паѓаат во третата лига заедно со Вајкомб и Ротерам. Според „Дејли мејл“, ФА го прогласи Дерби виновен за прекршување на финансиските правила и за тоа може да добие казна со поени, но нејасно е дали тие ќе се однесуваат на изминатата сезона или на таа во 2021/22.

Вајкомб, кои завршија на 22-то место (во лигата од 24 клуба), може да биде вратен во Чемпионшип ако Дерби бидат казнети. Дерби уште минатата сезона беа под закана за казна, откако газдата Мел Морис правел малверзации со проценката на вредноста на фудбалерите.

Share
Scroll to Top