„Десетката на неговиот грб е навреда за фудбалот“

„Десетката на неговиот грб е навреда за фудбалот“

пред 2 години

Еден од водителите на фудбалското шоу „Ел Чирингито“, поранешниот аргентински голамна, Хорхе Д’Алесандро, жестокот го криткуваше играчот на Барселона, Ансу Фати.

Фати за Барселона дебитираше во 2019 година, на 16. годишна возраст. Досега одиграл 81 натпревар, постигнал 23 гола. По заминувањето на Лионел Меси, тој ја доби „десетката“. Тешката повреда на коленото ја забави неговата кариера.

„Неговата единствена заслуга е што го носи бројот 10. Тоа е навреда за фудбалот. Зошто? Затоа што Пеле, Марадона го носеа тој број, затоа што го носи Модриќ. Бројот 10 е за боговите”, изјави Д’Алесандро.

Фати оваа сезона играше на сите 16 првенствени натпревари за Барселона, но со просек од околу 36 минути по натпревар. Постигна три гола и три пати им асистираше на соиграчите.

Неговиот агент Жорге Мендеш не е задоволен од третманот што го има Фати кај тренерот Чави.

Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез напиша дека португалскиот агент го информирал клубот дека неговиот штитеник може да побара трансфер следното лето доколку не се подобри неговиот статус во тимот.

Фати има договор до 2027 година со откупна клаузула од една милијарда евра. Наводно Барселона би била подготвена да го продаде за 70 милиони евра.

Share
Scroll to Top